Вие имате прво да ја знаете вистината

Ковачевски: Покачувањето на минималната плата треба да биде резултат на договор на сите засегнати страни

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има зголемување на минималната плата, но оти тоа треба да се направи низ економско-социјален дијалог со сите засегнати страни и во консултација и со синдикатите и работодавачите.

– Веќе денеска на оваа тема има средби на претставници на Министерството за труд и социјална политика и други ресорни министерства заедно со вицеоремиерот за економски прашања со претставници на синдикатите. Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог. Минималната плата и нејзиното покакување од првичните 9000 денари колку што беше претходно, на 15 илјади денари колку што е сега, беше направено од СДСМ и Владата предводена од СДСМ. Така што и заложбата за зголемување на минималната плата на повисоко ниво е исто така заложба на оваа Влада, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Притоа, според премиерот,  како и при првичното покачување, така и сега треба да се имаат предвид и ставовите и импутите и на синдикатите, но и работодавачите и на стопанските комори, бидејќи, како што нагласи, тоа е дел од еден економски систем.

– Штом ќе се направи таа методологија нормално заедно со сите засегнати и низ економско-социјалниот дијалог тогаш ќе го имаме финалното решение кое ќе биде презентирано пред сите, пред граѓаните и пред работниците, рече премиерот кој денеска изврши увид во реконструкцијата на училиште во Прилеп.

Тој потсети дека нив ваков дијалог се дошло и до решение за недела неработен ден.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!