Вие имате прво да ја знаете вистината

Уапсен е 38-годишен маж кој уби полицајци во Германија при рутинска контрола

Полицијата попладнево го уапси 38-годишниот Јоханес Андреас Шмит во сојузната покраина Сарска, на крајниот запад на Германија, под сомнение дека убил двајца млади полицајци за време на рутинска проверка со огнено оружје во раните утрински часови.

„Го уапсивме лицето што го баравме“, соопшти полицијата во Сарска. Претходно тие распишаа потерница по 38-годишниот Јоханес Андреас Шмит, чии документи беа пронајдени на местото на убиството.

Полицијата додаде дека уапсила уште едно лице во Сар, без да даде детали.

Шмит е осомничена дека во раните утрински часови во соседната сојузна покраина Рајнланд-Пфалц ја убил 24-годишната полицајка која сè уште била на обука и нејзината 29-годишна колешка.

Според полицијата, тој веќе им е познат на властите по бегства од местото на настанот. Тој поседувал дозвола за оружје.

Засега не е познато дали во автомобилот со осомничениот имало други луѓе.

Убиените полицајци пронашле мртво диво животно во багажникот на автомобилот на осомничениот. После тоа дошло до ескалација. Убиениот полицаец испукал неколку истрели од оружјето пред да биде смртно застрелан. И двајцата полицајци носеле униформи и заштитни елеци.

Политичарите во двете сојузни држави изразија бес поради убиството на полицајците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!