Вие имате прво да ја знаете вистината

Фридрих Мерц официјално ја презеде функцијата лидер на ЦДУ

Адвокатот и партиски ветеран на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц (66) денеска официјално ја презеде функцијата лидер.

Истакнатиот глас на десницата на партијата ќе ја води партијата во наредниот период, во кој партијата треба да се опорави од најтешкиот пораз на изборите, а ќе ја наследи поранешната долгогодишна лидерка и германска канцеларка Ангела Меркел. Потсетуваме дека Меркел поднесе оставка од сите партиски и политички должности.

Мерц освои 95,33 отсто од гласовите на гласањето по пошта. Тој ги победи другите двајца кандидати за лидер на партијата. Инаку, гласањето по пошта следеше како правна потврда за постигнатите резултати на онлајн конференцијата на 22 јануари.

Инаку, ова е негов трет обид да ја преземе партијата откако Меркел најави оставка од лидерската позиција на партијата во октомври 2018 година.

Прво беше поразен од Анагрет Карпен Каренбауер, а подоцна и од Армин Лашет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!