Вие имате прво да ја знаете вистината

Шешељ ја откри причината за смртта на Ксенија Вучиќ, претседателот на Србија се прости од својата прва сопруга (фото)

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ вчера му изрази сочувство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод смртта на неговата прва сопруга Ксенија Вучиќ.

Шешељ со солзи во очите во емисијата Хит твит на ТВ Пинк изјави дека Ксенија Вучиќ починала како последица на згрутчување на крвта.

Колку што слушнав, згрутчувањето или тромбот отиде во срцето и немаше спас, изјави лидерот на радикалите кој им изрази сочувство на Милица и Данило Вучиќ.

Новинарката Ксенија Вучиќ, која почина во саботата на 56-годишна возраст, ќе биде погребана денеска во 14 часот на Новите гробишта во Белград.

Нивните деца Данило и Милица во некролози се простија од првата сопруга на претседателот Александар Вучиќ.

Наша кралица, ти благодарам за правиот пат што ни го покажа, како и за сета љубов што ни ја подари. Нека те чуваат ангелите. Најмногу те сакаат твоите Данило и Милица – стои во некрологот.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ се прости и од поранешната сопруга.

Драга Ксенија, последен поздрав – стои во некрологот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!