Вие имате прво да ја знаете вистината

Неуспешно слетување на Хитроу: Силниот ветер го “фрлаше” авионот како од шега, Ербасот со „опашката“ гребеше по пистата, за малку избегната трагедија (видео)

Пилотот на Ербас A321NEO на авиокомпанијата Бритиш Ервејс во понеделникот се откажал од слетувањето на аеродромот Хитроу во близина на Лондон поради силниот ветер предизвикан од бурата Кори, а при повторното полетување со опашката на авионот ја допрел пистата, пишува The Guardian.

Неуспешниот обид за слетување и повторно полетување на авионот го снимиле набљудувачи на авионот кои во тој момент биле на аеродоромот, а видео од борбата на пилотот со ветрот е објавено на Твитер профилот на Big Jet TV.

На видеото се гледа дека пилотот не успеал да направи добар контакт со земјата и дека авионот во еден момент опасно се навалил на својата лева страна. Непосредно пред повторното издигнување, авионот накратко ја „изгребал“ пистата со опашката.

Гардијан наведува дека облакот кој настанал по контактот со пистата се нарекува „авионска прашина“.

По неуспешното слетување, пилотот направил круг, а потоа при вториот обид го приземјил авионот.

Портпаролот на Бритиш Ервејс изјави дека нивните пилоти се обучени да се справат со низа проблеми, вклучително и тешки временски услови.

„Нашиот персонал безбедно го приземји авионот, а патниците и персоналот излегоа од него на нормален начин“, соопштија од Бритиш ервејс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!