Вие имате прво да ја знаете вистината

Крш и лом на тест возењето! Механичарот се заби во дрво со Ферари вредно 3 Милиони Евра (Видео)

Ферари Енцо, моделот именуван по основачот на компанијата, е еден од најпознатите и најпрестижните модели на марката и брендот кои некогаш биле произведена во погоните во Маранело.

За жал, еден од црвените примероци на Ферари брше уништен во Холандија за време на тест возење. Иако не се пријавени сериозни повреди, наследникот на култните Ferrari F40 и F50 претрпе сериозни оштетувања на двете страни и се чини дека ќе помине многу време во поправка пред да се врати на патиштата.

Инцидентот се случил во вторник наутро во холандскиот регион Баарн. Сведокот го видел ферарито како вози со голема брзина се до моментот кога возачот изгубил контрола, почнал да врти на патот и удрил во дрво.

Последиците се две откинати тркала на сувозачката страна, тешко оштетување, неколку испукани панели на каросеријата и оштетен под. Сите воздушни перничиња се активирани, но се чини дека монококот од карбонски влакна и централно поставениот V12 не се оштетени.

Според локалната новинска агенција АД-НЛ , фотографот кој случајно се нашол на лице место видел во ферарито вработен во локалниот салон за ексклузивни автомобили Кројмасн Ферари, што укажува дека несреќата можеби се случила за време на тест возење. Други извори тврдат дека автомобилот го возел механичар по сервисот, но се уште ништо не е потврдено бидејќи портпаролот на Кројмасн Ферари одбил да коментира за инцидентот.

Името на дилерот се гледало и на регистарските таблички кои биле отстранети пред да го натоварат супер автомобилот на влечното возило.

Енцо е еден од најпознатите модели на Ферари, со само 400 примероци произведени помеѓу 2002 и 2004 година, а сега дваесет години по почетокот на производството, има се помалку и помалку такви модели, бидејќи неколку веќе биле скршени во судири.

Вредноста на италијанскиот суперавтомобил постојано расте со продадени примероци меѓу 2 и 3 милиони евра на последните аукции. Ова е причината зошто овој Енцо вреди да се поправи и покрај ултра високата сметка за поправка што, се разбира, ќе ја плати осигурителната компанија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!