Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појави скандалозно видео од финалето на Австралија Опен: Сега е јасно зошто Медведев бил толку огорчен!?

Не се смирува бурата по финалето!

Рафаел Надал направи епски пресврт и го совлада Данил Медведев по речиси пет и пол часа игра (3:2) и со тоа стигна до својата 21. Грен слем титула во кариерата.

Натпреварот го одбележа скандалозното однесување на публиката на стадионот Род Лејвер, која направи се за да го поремети рускиот ас во текот на мечот. Русинот беше огорчен по мечот, поради се што се случуваше на трибините.

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа зошто Данил огорчен ја напушти Австралија.

По секоја негова грешка, се слушаше аплауз, постојано беше прекинуван помеѓу првиот и вториот сервис, беше прозиван, провоциран… Во еден момент некој гласно извика: „ Врати се во Русија “.

Медведев го поднесе сето тоа исклучително тешко.

Од сега па натаму, ќе играм само за себе, за моето семејство, за луѓето кои веруваат во мене и, се разбира, за сите Руси, бидејќи овде чувствував голема поддршка. Вака ќе ви кажам. Ако се случи да се организира некој турнир на тврда подлога Во Москва, пред Ролан Гарос или Вимблдон има да одам таму дури и по цена да го пропуштам Вимблдон или Ролан Гарос или некој друг голем турнир. Ова момче престана да сонува. Ова момче ќе игра само за себе“, изјави разочараниот Русин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!