Вие имате прво да ја знаете вистината

Судот го одби барањето на Брејвик за ослободување: „Ризикот од насилство е реален“

Норвешкиот суд го отфрли барањето на Андерс Беринг Брејвик за условно ослободување и со пресудата издадена попладнево, нареди масовниот убиец да остане во затвор.

Брејвик, десничарски и антимуслимански екстремист и неонацист, уби 77 луѓе во јули 2011 година во најголемото невоено злосторство во Норвешка.

Тој уби осум лица со бомба во Осло, а потоа застрела уште 69, главно тинејџери, во летен камп за млади на Лабуристичката партија на островот Утоја.

Сега веќе 42-годишниот Брејвик во 2012 година беше осуден на 21 година затвор, максимална казна во Норвешка. Но, може да се продолжи на неодредено време доколку се смета дека личноста и понатаму претставува закана за општеството.

„Ризикот од насилство е исто толку реален и значаен како кога Брејвик првпат беше осуден“, се вели во едногласната одлука на Окружниот суд Телемарк.

Брејвик имал право да поднесе барање за условно ослободување по отслужувањето на првите десет години од казната, а има право повторно да аплицира една година по неговото претходно одбивање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!