Вие имате прво да ја знаете вистината

ТРАГИЧНАТА ПРИКАЗНА НА СЕМЕЈСТВОТО ПУТИН! Рускиот претседател НИКОГАШ не го запознал својот брат, не знае ни каде се наоѓа неговиот гроб

Поради него рускиот претседател секоја година е на истото место.

Рускиот претседател Владимир Путин е трето дете на Владимир и Марија Путин, а малкумина знаат дека пред да се роди, имал двајца браќа кои никогаш не ги запознал – Алберт и Виктор. Во ретки прилики, кога зборуваше за својот приватен живот, Путин во 2012 година откри дека неговиот најстар брат Виктор починал кога имал само две години за време на нацистичката опсада пред Ленинград, денешен Санкт Петербург.

Тука е погребан мојот брат, кој никогаш не сум го видел и запознал, не знам ни каде точно. Моите родители ми кажаа дека децата во 1941 година биле одземени од нивните семејства, па така и на мојата мајка и беше одземен синот – за да го спасат. Меѓутоа, тогаш и рекоа дека умрел, но никогаш не и кажаа каде е погребан – изјави Владимир Путин.

Се претпоставува дека Виктор е роден во 1940 година, а починал во 1942 година во дом за деца и дека бил погребан во масовната гробница на жртвите за време на опсадата која траела 872 дена и однела речиси половина милион животи на руски цивили и војници. На споменикот кој го оддбележува оваа страдање се наведува дека во периодот од 1941 до 1944 година, повеќе од 640.000 луѓе умреле од глад во градот. Неговиот втор брат Алберт исто така починал кога бил бебе.

Путин годинава, како и сите други предходно, го посети местото на големите страдања на Русите и им оддаде почит на починатите. Путин во една прилика откри и дека неговата мајка во тоа време била толку блиску до смртта што ја изгубила свеста и „ја положиле заедно со мртвите тела“ мислејќи дека е мртва, додека некој не го слушнал нејзиното стенкање и не ја извлекол. Неговиот татко, кој бил во болница бидејќи бил ранет за време на борбите, одвојувал од своите порции за да ја нахрани.

Владимир Путин е роден во 1952 година и е единственото преживеано дете.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!