Вие имате прво да ја знаете вистината

Фрчат обвинувања на сметка на Себастијан Курц, во јавноста објавен тајниот документ, како била составувана владата?

Таен документ поврзан со коалициските преговори меѓу Австриската народна партија (ОВП) и Партијата на зелените, објавен во јавноста минатиот викенд, вчера предизвика остри несогласувања во владејачката коалиција.

Австриската Зелена партија го обвинува поранешниот канцелар и претседател на ОВП, Себастијан Курц дека намерно додал тајна дополнителна клаузула во јавноста за да им наштети.

Документот, објавен во текот на викендот од Австриската новинска агенција (АПА), се занимава со поделбата на министерските позиции по формирањето на владата, како и влијанието врз јавниот медиумски сервис ОРФ. Некои медиуми изминатиот викенд објавија дека документот покажува дека Зелените ќе добијат право да одлучуваат за претседател на Советот на Фондацијата ОРФ во замена за одобрување забрана за носење шамии за наставниците во државните училишта, што е иницијатива на Народната партија.

Двете страни во понеделникот негираа дека некогаш бил постигнат таков „договор“. Австриските медиуми дополнителната, тајна клаузула во коалицискиот договор ја опишаа како „потенцијал за внатрекоалициски тензии“, особено што е очигледно дека многу тесен круг во раководството на двете партии знаел за овие тајни договори на потенцијалните коалициски партнери.

Сепак, Зелените не го обвинуваат наследникот на Себастијан Курц како канцелар и претседател на ОВП, Карл Нехамер, дека е вмешан во објавување информации во јавноста кои би можеле да им наштетат на Зелените.

Народњаците и Зелените се заедно на власт од јануари 2020 година, после тоа, среде т.н. Скандал на Ибица, се распадна популистичко-либертаријанска влада. Себастијан Курц минатата есен се повлече од активната политика по обвинувањата за корупција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!