Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден одобри испраќање дополнителни војници во Источна Европа: Околу илјада војници ќе бидат префрлени во Романија

Американскиот претседател Џо Бајден го одобри испраќањето дополнителни трупи во Источна Европа, а Пентагон се очекува официјално да го објави подоцна вечерва.

Бајден официјално го одобри прегрупирањето на армијата, изјави еден функционер за Ројтерс.

Војската на САД минатата недела стави 8,5 илјади војници на подготвеност за да се прераспределат во Европа.

Бајден оваа недела ќе премести околу 2.000 војници од САД во Полска и Германија, рече официјалниот претставник.

Волстрит џурнал пишува дека се работи за војници од базата Форт Брег во Северна Каролина.

Околу илјада војници ќе бидат преместени од Германија во Романија, во источното крило на НАТО, најблиску до Русија, пренесува Ројтерс.

WSJ пишува дека војниците треба да бидат преместени во наредните денови и дека нивното преместување е привремено.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!