Вие имате прво да ја знаете вистината

Белградско обвинителство: Новак Ѓоковиќ користел валидни ПЦР тестови за да влезе во Австралија

Првото основно јавно обвинителство во Белград излезе со соопштение во кое се наведува дека „е отфрлена кривичната пријава на потписникот „Будимир Гром“ во која се наведува дека непознати лица изработиле фалсификуван документ – потврда за спроведен ПЦР тест, кои подоцна ги искористил Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцинација и влез во Австралија, како и при жалбата против одлуката за укинување на визата“.

„Пријавата е поднесена до обвинителството на 12 јануари по електронски пат против непознато лице за сторено кривично дело фалсификување исправа“, се вели во соопштението, пренесуваат српските медиуми.

Понатаму се наведува дека „обвинителството ги извршило потребните проверки, за што е испратено барање за прибирање на потребните информации до Министерството за здравство на Република Србија заради проверка на точноста на податоците, односно наводите од казнениот извештај“.

Обвинителството денеска беше информирано од Министерството за здравство дека инспекцискиот надзор во институциите утврдил дека потврдите за резултатите од тестот за коронавирус наведени во кривичната пријава се автентични.

„При увид во електронската база на податоци при надзор на извршените тестови за присуство на вирусот Ковид 19 кај лицето Новак Ѓоковиќ, утврдено е дека повеќе пати бил тестиран и дека резултатите од тестот биле потврдени за датумите на тестирање на 16 декември 2021 година и 22 декември 2021, и истите се важечки“, прецизира обвинителството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!