Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Голем кратер се отвори на сред улица во Сао Паоло за време на надградбата на метрото

Голема несреќа се случила при надградба на метрото во Сао Паоло, Бразил. Дел од еден од најфреквентните патишта во градот, Маргинал Тиете, се урна создавајќи огромен кратер.

Уривањето се случило откако машината за пробивање тунел налетала на водоводна или канализациона цевка, која брзо го поплавила градилиштето и предизвикала уривање на асфалтот.

Во несреќата нема повредени, но на двајца градежни работници им била укажана лекарска помош поради контакт со загадена вода.

Во тек е работа за надградба на портокаловата линија број шест.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!