Вие имате прво да ја знаете вистината

Видот омикрон „гази“ врз Јапонија и Јужна Кореја, поставени нови рекорди на ново-заразени за еден ден!

Јапонија и Јужна Кореја регистрираа рекорден дневен број на заразени со вирусот Ковид-19 во последните 24 часа. Првенствено поради високо преносливиот вид на вирусот, омикрон.

Бројот на ново-заразени со Ковид-19 во Токио надмина 20.000 за прв пат во изминатите 24 часа, додека бројот на ново-заразени лица на целата територија на Јапонија се искачи на рекордни 91.760 лица.

Токио пријави 21.576 ново-заразени, што го надмина претходниот рекорд од 17.631 случај регистриран минатиот петок.

Главниот град на Јапонија и поголемиот дел од земјата сега се под бројни ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот, а последниот бран на инфекции е последица на многу преносливиот вид на вирусот, омикрон.

Главниот секретар на јапонската влада, Хироказу Мацуно минатиот ден изјави дека владата не планира да прогласи вонредна состојба, но дека се уште одлуката не е конелна.

Јужна Кореја исто така бележи рекорден број на ново-заразени, бидејќи во изминатите 24 часа се потврдени 20.270 ново-заразени лица.

Така, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 884.310 во оваа држава.

Додека 19 лица починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи во Јужна Кореја се искачи на 6.787 од почетокот на пандемијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!