Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Хрватска регистрирани повеќе од 10,000 ново-заразени со Ковид-19 за 24 часа

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 10.003 ново-заразени лица со вирусот Ковид-19 додека 54 лица го загубиле животот, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни лица во моментов во Хрватска е 60.264. Од нив, 2.067 пациенти се хоспитализирани во болница, од кои 190 се приклучени на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска, животот поради вирусот Ковид-19 го загубиле 13.947 луѓе.

Во моментов, 29.540 лица се во самоизолација. Во последните 24 часа се тестирани 19.734 примероци за вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!