Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија го забрани емитувањето на Russia Today на германски јазик

Германската радиодифузна канцеларија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум РТ во Германија, соопштено е во утрово.

„Во Германија нема дозвола за емитување на оваа програма, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на Комисијата за контрола и лиценцирање на јавниот пренос на радио и ТВ програми во Германија.

RT (или Russia Today) во Германија досега се емитуваше на неколку канали, вклучително и на Интернет и сателити. РТ се повика на лиценцата за емитување во Европа издадена на овој канал од властите во Србија.

Германската радиодифузна канцеларија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската унија.

Во меѓувреме, програмата RT на германски јазик е отстранета од каналот YouTube, како и од сателитската програма Eutelsat.

Еден од условите за издавање дозвола за радиодифузија во Германија е непристрасност и независност од државни институции или политички партии. Сепак, набљудувачите сметаат дека Русија денес, т.е. РТ е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.

„Russia Today“ во минатото ширеше непроверени приказни, како оние за нападите со мигранти врз германското население, со цел да се наштети на поранешната канцеларка Ангела Меркел, која се залагаше за либерална политика за бегалците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!