Вие имате прво да ја знаете вистината

Делегација од Партијата за движење на Турците одржа низа средби во Брисел со повеќе европратеници

Делегација на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од председателот Енес Ибрахим, во Брисел одржа низа средби со повеќе европратеници.

ТХП како прогресивна партија што се залага за евроинтеграција на нашата земја своите ставови во врска со деблокирањето на преговорите ги изнесе и пред европратеникот и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, се наведува во партиското соопштение.

Од ТХП се оптимисти дека може да се конструира преговорачка рамка, која ќе биде фер и во согласност со европските вредности.

При средбите Ибрахим истакнал дека нашата земја ја цени постојаната и принципиелна поддршка од Европскиот парламент и побарал дополнителен елан за успешно чекорење кон ЕУ.

Демократијата, како и човековите права и слободи, е носечки столб на големото европско семејство, затоа и сме убедени дека интеграцискиот процес на нашата земја треба да се трасира токму преку овие начела, велат од ТХП.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!