Вие имате прво да ја знаете вистината

Дејвид Бекам открива: Викторија веќе 25 години секојдневно јаде една иста храна! Дали ова е тајната за завидната линија на модната дезајнерка !?

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам (46 г.) во неговото гостување во подкастот „River Cafe Table 4“ се пожали дека неговата сопруга Викторија (47 г.) веќе 25 години јаде иста храна. 

Имено, модната дизајнерка долги години одржува завидна линија, а еден од факторите што секако и помага во тоа е тоа што секојдневно јаде риба на скара и зеленчук.

Додека самиот Бекам сака, како што вели тој, да експериментира во кујната, неговата сопруга ретко го заобиколува нејзиното стандардно мени.

Станувам многу емотивен за храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и варен зеленчук, изјавил Дејвид во подкастот и додал:

Единствениот пат кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога ја носеше во утробата нашата ќерка Харпер и тоа беше неверојатно за мене. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква храна беше, но знам дека оттогаш нема јадено така.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!