Вие имате прво да ја знаете вистината

Емануел Макрон ниту оваа недела нема да ја објави својата кандидатура за претседател, додека некои од кандидатите веќе водат активна кампања за изборите! Која е причината за тоа !?

Портпаролот на француската администрација, Габриел Атал, денес ги отфрли шпекулациите дека претседателот Емануел Макрон оваа недела ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори закажани за април оваа година.

Атал истакна дека кризата во Украина и пандемијата со вирусот Ковид-19 се високо на агендата на францускиот претседател во моментот.

Има премногу настани во моментот кои заслужуваат целосно внимание на претседателот. Должностите на претседателот не му даваат премногу време да се пушти во рана кампања за изборите како што е примерот со некои кандидати кои веќе започнаа со кампањата, нагласи Атал за француските медиуми.

Некои критичари на Макрон го обвинуваат дека намерно го одолговлекува објавувањето на неговата кандидатура за да ја искористи својата позиција да објавува други настани и да се појавува се повеќе во медиумите, без да се смета за кандидат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!