Вие имате прво да ја знаете вистината

На Флорида и се заканува невиден леден бран: Ќе биде толку студено што игуаните ќе паѓаат од дрвата како зомби

Ладниот воздухот од Арктикот пристигна на Флорида, температурите во Сончевата американска држава паднаа на најниско ниво во последните неколку години, пишува AccuWeather.

Метеоролозите од AccuWeather предупредуваат дека жетвата, како и температурните рекорди стари со децении ќе бидат срушени од овој налет на студ.

Температурите во некои области би можеле да паднат на најниската точка во последните 80 години, додека на други места би можел да падне дневниот рекорд за најниски температури.

Аларми за екстремен студ се вклучени и во Јужна Џорџија и Северна Флорида, вклучувајќи ја областа Џексонвил.

Иако мајката природа донираше повеќе изливи на студен воздух на Флорида оваа година, овој бран може да биде најстудениот досега. Температурите во петокот навечер се спуштија до -1 Целзиусов степен.

Врвот на студениот бран се очекува за наредна сабота навечер. Ледениот воздух викендов ќе се префрли на подрачјето на Нова Англија и Средниот Атлантик.

Температурите во сабота треба да се движат меѓу -1 и 4 Целзиусови степени.

Во Флорида временските услови би можеле да бидат проблем за земјоделците. Метеоролозите велат дека се многу загрижени за цитрусното овошје на Флорида поради прогнозата и најавата за ниски температури.

Во централна Флорида, 15 до 20 % од плантажите на цитрусите во регионот ќе може да се најдат на температури под -2 Целзиусови степени од два до три часот од сабота навечер до недела, рече Дејл Молер, земјоделски метеоролог на AccuWeather.

Повеќето портокали во Флорида се засадени на јужните две третини од полуостровот, каде што има мали шанси да замрзне.

Покрај тоа, ладнокрвните игуани од Флорида не сакаат толку ниски температури и нивното здравје може да биде нарушено кога температурите ќе паднат ниско, блиску до 0 степени.

Игуаните потоа стануваат неподвижни додека спијат на дрвјата, а потоа почнуваат да паѓаат на земја како зомби. Тие повторно оживуваат наутро кога температурите растат.

Ниските температури би можеле да траат подолго во северните делови на Флорида, додека во јужните делови ќе биде толку студено само за кратко.

Националната метеоролошка служба во Тампа објави дека температурите во недела наутро би можеле да бидат најстудените во оваа област од 2018 година.

Студениот бран не треба да достигне рекордни нивоа во поголемиот дел од внатрешноста на југоисточна Флорида.

Метеоролозите ги советуваат сопствениците на имотот да преземат мерки за да спречат поголема штета предизвикана од замрзнатите цевки. Покрај тоа, на сопствениците на домашни миленици им се советува да не ги оставаат животните на отворено долго време.

Добрата вест е што метеоролозите велат дека овој студен бран ќе се смири и температурите би требало да се вратат на нормала следната недела, пишува AccuWeather.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!