Вие имате прво да ја знаете вистината

Од денеска голема промена за сите камионџии во ЕУ, објавени сите детали

Новите прописи на Европската унија кои го регулираат транспортниот пазар стапија на сила од утрово. Големата промена е што возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните матични земји ќе мора да бидат платени на минималецот во државата во која патуваат.

Во пракса, доколку возач на фирма регистрирана во Хрватска превезува стока од Германија до Франција, ќе треба да се плаќа според минималната саатница во тие земји, а не да се покрива со плата во Хрватска. Ова не важи за возење од една земја во друга и назад. Возачите ќе треба да го регистрираат преминот на првиот паркинг при влез во друга земја членка на ЕУ и да стават знак на таа земја.

Подоцна овој месец, други правила стапуваат на сила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат надвор од матичната земја. Целта на овие измени е да се запре практиката на возачи од Полска, Романија или Бугарија да возат стока меѓу другите земји-членки и да добиваат значително пониски плати во нивните земји.

Овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но најверојатно ќе влијаат на поскапувањето на транспортот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!