Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Мутираната варијанта на видот омикрон регистрирана во 57 земји ширум светот

Мутираната варијанта на видот омикрон, наречена БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“ е потврдена и откриена во 57 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека таа мутирана варијанта е позаразна од другите видови на омикрон.

Магазинот Форбс кој известува дека во изминатите шест недели, подвидот на омикрон, БA.2 почнува да има приоритет над оригиналниот вид омикрон (BA.1), според податоците испратени до GISAID (Глобална иницијатива за инфлуенца за информации), додаде СЗО.

Иако BA.1 сè уште претставува повеќе од 96 проценти од секвенционираните случаи на омикрони, BA.2 отпаѓа на повеќе од половина од секвенционираните омикрони примероци во некои земји, потенцираа од СЗО во неделниот извештај.

СЗО изјави дека малку се знае за разликите помеѓу подвидовите на омикрон, иако, како што веќе беше споменато, постојат индикации дека BA.2 е позаразна варијанта од BA.1.

Техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхкова, изјави за новинарите дека нема индикации дека има промени во тежината на болеста со подвидот BA.2.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!