Вие имате прво да ја знаете вистината

Соработниците на Додик најавија прекин на државната блокада

Официјалните лица на Република Српска ќе ја прекинат блокадата на централната власт во БиХ и ќе учествуваат во работата на институциите оваа недела, потврдија попладнево претставници на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), предводена од Милорад Додик.

Неговиот близок соработник Небојша Радмановиќ, кој е и заменик-претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, рече дека пратениците на СНСД ќе дојдат во Сараево на седницата на државниот парламент закажана за четврток.

„Ќе постапиме во согласност со заклучоците на Народното собрание на РС“, рече Радмановиќ.

Во вторникот, парламентот на РС усвои заклучоци според кои функционери од ентитетот во Парламентот на БиХ, Советот на министри и Претседателството на БиХ можат „во иднина да учествуваат на седниците на тие тела, но на начин што ќе ги почитува позициите и одлуките “ на властите на РС.

Додик, исто така, најави дека предлогот за забрана на злоупотребата на геноцидот ќе биде поднесен до собраниската процедура, со што ќе се дополни законот за забрана на негирање на воените злосторства, наметнати од поранешниот висок претставник Валентин Инцко во јули минатата година.

Овој факт беше причината поради која Додик преку Парламентот на РС донесе одлука за блокирање на работата на институциите во БиХ до повлекување на законот на Инцко.

Поради блокадата, Додик се најде на удар на американската администрација која му воведе санкции.

Додик сега се откажа од условите поставени во август минатата година, а опозицијата обидот за промена на наметнатиот закон го толкува како знак на слабост на Додик и пораз на политичкиот концепт што тој го измислил.

Претседателот на Српската демократска партија (СДС), Мирко Шаровиќ, рече дека маневарот на Додик со измените во законот наметнати од Инцко во суштина е „едно големо ништо“, бидејќи наметнатиот закон никаде не кажува дека некој е колективно одговорен за геноцид., а тоа не се ниту босанските Срби ниту РС.

„Она што се правеше со месеци заврши со фијаско. Седницата на парламентот на РС служеше само за отворање на вратата за враќање во институциите на државата БиХ“, им рече Шаровиќ на новинарите во Бања Лука.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!