Вие имате прво да ја знаете вистината

Туркиш ерлајнс официјално за прв пат започна да користи одржливо воздухопловно гориво кое ја намалува загаденоста во воздухот! Првиот лет бил на дестинација Истанбул – Париз

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс официјално започна да користи одржливо воздухопловно гориво на своите летови за да ги намали штетните емисиите.

Компанијата соопшти дека за прв пат во средата односно денес користеле гориво добиено од одржливи извори на летот од аеродромот во Истанбул до аеродромот Шарл де Гол во Париз.

Во соопштението се наведува дека одржливото гориво, кое ги намалува штетните емисиите за 87 отсто, ќе се користи еден ден во неделата на избрана рута, а авиокомпанијата планира да го користи на различни линии на пошироки размери.

Работиме одговорно за да постигнеме одржливост. Нашиот прв лет кој користеше одржливи ресурси е дел од нашата визија, изјави Ахмет Болат, претседател на Управниот одбор и Извршниот одбор на Туркиш ерлајнс.

Еколошкото гориво за рафинирање на нафта се складира од подружницата на Туркиш ерлајнс, Turkish Fuel Services (TFS) за да се користи во авионите по мешање со авионското гориво.

Туркиш ерлајнс, исто така, спроведува проект за одржливо био-млаз гориво базирано на микроалги во соработка со Универзитетот Богазичи во Истанбул, со поддршка на TFS.

По завршувањето на овој проект ќе започне со работа првата интегрирана биорафинерија во Турција но и во Европа, се наведува во соопштението.

Од 2008 година, Туркиш ерлајнс има имплементирано повеќе од 100 проекти за оптимизација на бизнисот за намалување на штетните емисиите на јаглерод диоксид, заштедувајќи повеќе од 15.000 тони гориво во третиот квартал од 2021 година и спречувајќи ослободување на околу 48.400 тони јаглерод диоксид во атмосферата.

Компанијата е основана во 1933 година и има флота од 373 авиони и летови до 334 светски дестинации во 128 земји.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!