Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор на улиците во Солун: Навивачи на клубот Арис смртно избоделе со нож младо момче кое не навивало за фудбалскиот клуб Арис, уште две момчиња се повредени и префрлени во болница

Вистински хорор се случувало во Солун кога дошло до судир на хулигани, каде што 19-годишниот Алкис Камбанос бил смртно избоден со нож. Во инцидентот се повредени уште две млади момчиња. 

Грчките медиуми наведуваат дека младото момче Камбанос се шетало со пријателите во делот од градот каде што најмногу живеат поддржувачи на фудбалскиот клуб Арис, кога ненадејно им се приближиле два автомобили и започнал хоророт за младите момци. 

Пред да ги нападнат, тие ги прашале за кого навиваат а потоа истите излегле од автомобилите и им нанеле тешки телесни повреди на момците.

Несреќното младо момче, Камбанос, на пат кон болница им подлегнал на повредите односно на убодот од ножот во бутот и искрварил, додека со нож исто така се избодени и неговите пријатели, но тие се надвор од животна опасност.

Уште еден млад човек е убиен од група убијци кои со години кружат и оперираат во Солун, се вели во соопштението на грчкиот клуб.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!