Вие имате прво да ја знаете вистината

Часовникот е составен дел од моето тело! Рафаел Надал откри колку вреди неговиот часовник (фото)

По големиот пресврт во кој Рафаел Надал го победи Данило Медведев во финалната пресметка на Австралија опен и стана рекордер по бројот на освоени Грен слемови, многумина си го поставија прашањето кој часовник го носи Надал на својата десна рака. За време на турнирот многумина го забележаа часовникот на Надал.

Шпанскиот тенисер е ексклузивен амбасадор на брендот Richard Millе од 2010 година. Надал за време на турнирот носел часовник кој е на пазарот вреди над милион долари.

Моделот RM27-04 во продавницата Richard Millе може да се купи за милион и педесет илјади долари. Од овој часовник има само 50 примероци во светот.

Часовникот тежи 30 грама, вклучувајќи го и ременот, а на раката на играчот делува како да не постои.

На почетокот тоа беше прилагодување, моравме тесно да соработуваме за да го прилагодиме часовникот на мојот зглоб. Сега ми стана дел од кожата, исто како да немаш ништо на себе, изјави Надал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!