Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Погледнете како ракетата на SpaceX лансираше шпионски сателит на американските вселенски сили во орбитата

Вселенското летало Фалкон 9 на американска приватна компанија лансираше шпионски сателит во орбитата во средата, што ќе го користат американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРА), која е одговорна за изградба и управување со воената сателитска мрежа на САД.

Ракетата со сателитот НРОЛ-87 полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) од воената база Ванденберг во Калифорнија и ја лансираше во орбитата на Земјата, по што без тешкотии се врати во базата, се вели во соопштението на НРО.

„Сателитот НРОЛ-87 е дизајниран и конструиран од НРО, која управува со него во име на нејзината вселенска извидувачка мисија“, соопшти воената извидувачка агенција, без дополнителни детали, повикувајќи се на „воена тајна“.

НРА, која е под јурисдикција на Пентагон и го следи меѓународниот поморски сообраќај и комуникациите на американските ривали, додава дека ова е прв лансиран сателит оваа година и 17-ти во последните две години.

Тој е во служба на Командата на вселенските сили со седиште во Лос Анџелес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!