Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ: Ова е чудо, ги примив сите светски лидери но никогаш не сум видел толку луѓе надвор како денес за Ѓоковиќ! (видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес во Белград го прими најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Никогаш не се случило да има толку многу луѓе. Ги примив сите високи функционери, како што се Путин, Меркел и толку многу луѓе никогаш не дојдоа, никогаш не сум го видел ова. Ви благодариме што бевте овде денес и што покажавте почит кон Србија. Ви благодариме што ја славите вашата земја, изјави претседателот Александар Вучиќ и му се заблагодари на Ѓоковиќ.

Претседателот на Србија се осврна и на настаните во Австралија.

Со Новак се слушнавме утрото, му реков да се врати, Новаче, што ќе правиш таму. И тогаш видов колку сака да игра и колку е подготвен. Кога Медведев изјави дека е „убиено“ детето во неговот срце во Австралија многу работи беа јасни. Се надевам дека ќе ги престигнете Надал и Федерер. Не знаевме во финалето кога да навиваме, дали Медведев или Надал, но едно е сигурно, Новак е најдобар, изјави Вучиќ и додаде:

Ќе продолжиме да инвестираме во тенисот, да организираме многу турнири. Ви благодариме што ја сакате Србија и што сте толку блиску до нашата земја, заклучи претседателот на соседна Србија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!