Вие имате прво да ја знаете вистината

Ден пред отворањето на Олимписките игри: Потврдени 55 нови случаи на инфекција со коронавирус

Свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг е планирано за утре, а само ден пред тој важен ден за Кина, организаторите потврдија 55 нови случаи на заразени со корона вирусот.

Дури 26 нови случаи на зараза се потврдени кај патниците кои вчера пристигнаа во Кина на Олимписките игри, а 29 кај луѓето кои веќе се во олимпиското село.

Вкупниот број на заразени, поврзани со Зимските олимписки игри 2022 година од 23 јануари до денес, се искачи на 287, пренесоа агенциите.

Меѓу заразените е и Норвежанецот Симен Кругер, скијач и олимписки шампион, кој ќе мора да ги пропушти Игрите.

Според организаторите и Меѓународниот олимписки комитет, бројот на инфекции треба да почне да се намалува во олимпиското село, откако ќе пристигнат сите учесници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!