Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Жена со јаже го врзала колегата, кој се преплашил од вакцинацијата: „Се тресеше од страв во чекалната…“

Урнебесно видео кое се појави на Твитер ги прикажува лудите мерки што една жена од Бразил ги презела за да го вакцинира својата колега.

Ана Андраде, за да се увери дека нема да и побегне, му врза јаже околу половината на Сисер де Оливеира додека тој чекаше во неделата за вакцинација во малата бразилска држава Алагоас.

66-годишната Бразилка изјавила за TNH1 дека шефот на компанијата во која работат и двајцата ја замолил да го придружува нејзиниот 48-годишен колега.

Таа забележа дека многу се плашел од вакцинација и на шега ги замолила вработените во клиниката да и дадат јаже за да го врзе.

– Се тресеше од страв. Го врзав и го однесов во чекалната. И таму му ги врзав нозете, а потоа му реков: „Ајде сега бегај“.

Де Оливеира рече дека е благодарен на колешката за лудата идеја бидејќи заборавил на грижите за вакцинацијата.

– Не сакам инјекции, а стравот е нешто што може да те убие. Сето тоа добро се заврши на крајот. Сега ги имам примено двете дози – истакна тој.

Андраде се пошегува дека со задоволство ќе ги обезбеди своите услуги на другите кои ја чекаат втората доза.

– Вакцината е заштита, ако се плашите, јавете ми се.

Бразил е трет во светот по бројот на заразени, по САД и Индија, а втор по бројот на починати, по САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!