Вие имате прво да ја знаете вистината

За лозарите најатрактивни вранец и темјаника, интерес има и за садење десертни сорти 

Лозарите највеќе сакаат да садат лози од винските сорти вранец и темјаника, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје.

Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро.

Традиционално, во Тиквешко како најголем лозаро-винарски регион во државата, нови лозја се подигнуваат наесен и напролет. Се смета дека есенското садење лозови садници е подобро. Но, вообичаено, поголем е интересот за работа на нови лозови насади во пролет. Во есен или нивите не се доволно подготвени па треба малку да „одлежат“ или се нема пари и се чека да се плати грозјето од претходната реколта, да се земат субвенции. Згора на тоа, при есенското садење лозје, почесто се случува кражба на штотуку посадените садници, вели Мојсовска.

Мојсовска, која е и претседател на Националната федерација на фармери, истакнува дека целокупното производство на садници базира на претходни договори со лозарите кои сакаат да подигнат нови плантажи

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!