Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски го пречена Ердоган со највисоки државни почести (фото)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во официјална посета на Киев, главниот град на Украина, каде во Маринската палата беше пречекан од неговиот колега, претседателот на Украина, Володимир Зеленски со највисоки државни почести.

Ердоган пристигна во официјална посета на Киев на покана на претседателот Зеленски. 

Во рамки на официјалната посета, турскиот претседател најпрвин положи венец на Споменикот на Непознатиот херој во Киев во спомен на загинатите во Втората светска војна, а потоа беше пречекан од Зеленски во Претседателската палата.

По средбата се очекува двајцата лидери да одржат прес-конференција.

Ердоган ќе присуствува и на десеттиот состанок на Стратешкиот совет Турција-Украина. На средбата ќе се разговара за односите помеѓу Турција и Украина на ниво на стратешко партнерство, а треба да се разговара и за можностите за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и размена на мислења за регионални и меѓународни прашања.

Во турската делегација што пристигна во Украина се и сопругата на претседателот Емина Ердоган, министерот за надворешни работи Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, шеф на Канцеларијата на одбранбената индустрија под Канцеларијата на претседателот на Турција Исмаил Демир, раководителот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција Фахретин Алтун и портпаролот на Кабинетот на претседателот на Турција Ибрахим Калин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!