Вие имате прво да ја знаете вистината

Милиони луѓе го следат спасувањето на момче од бунар длабок 32 метри

Во Мароко во тек е спасувачка операција на петгодишно дете кое падна во бунар во близина на северниот град Шефшауен, јавува Би-би-си.

Детето, идентификувано од локалните медиуми како петгодишно момче по име Рајан, наводно си играло во близина на бунар во градот Тамрут, 100 километри од Шефшауен.

Се верува дека Рајан паднал низ тесен отвор во дупка длабока 32 метри. Спасувачките операции се во тек од вторникот вечерта, предводени од Мароканската управа за цивилна заштита.

Снимката од камерата спуштена во бунарот покажува дека момчето го преживеало падот и е при свест и изгледа дека има само полесни повреди на главата.

Спасувачите во бунарот фрлиле маска со кислород, храна и вода, а медицинска екипа е на лице место подготвена да му помогне на момчето. На местото на настанот пристигнал хеликоптер кој откако ќе биде извлечен од бунарот ќе го однесе во болница.

Спасувачката акција ја следи речиси цела држава, на социјалните мрежи луѓето не го тргаат погледот од видеата кои ја следат ситуацијата. Дури и голема група набљудувачи се собраа на местото на настанот.

Локалните медиуми објавија дека покраинските власти ги следат обидите за спасување и дека десетици припадници на полицијата, помошните сили, кралската жандармерија и службениците за цивилна заштита сега се вклучени во операцијата.

Мохамед Јасин Ел Куахаби, претседател на Здружението за спелеолошки и планински активности Шефшауен, помогна во спасувањето и за Би-Би-Си изјави дека тесноста на бунарот ги попречила спасувачките напори.

Тој додаде дека неколку обиди на локални доброволци и спасувачи да стигнат до момчето преку отворот на бунарот веќе биле неуспешни.

„Проблемот со ова спасување е што дијаметарот на дупката е многу, многу мал“, рече Ел Куахаби, додавајќи: „На длабочина од 28 метри таа станува уште помала, па не можевме да го достигнеме“.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека пет булдожери копаат голема површина паралелна со надворешната оска на бунарот за да се обидат да ја заобиколат тесната структура.

До сега, официјалните лица изјавија за локалниот медиум Le360 дека на спасувачите им останале помалку од девет метри да стигнат до момчето.

Ел Куахаби изјави за Би-Би-Си дека сега само така спасувачите ќе можат да стигнат до Рајан.

Но, властите и понатаму се загрижени дека секое допирање на бунарот може случајно да го повреди петгодишното дете, предизвикувајќи лизгање на земјиштето околу објектот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!