Вие имате прво да ја знаете вистината

НАВИВАЧИТЕ ВО МЕЛБУРН СЕ ОДНЕСУВАА КАКО “СЕЉАЦИ”: Русинот без влакна на јазикот за финалето на Австралија опен

Некогаш деветтиот тенисер во светот, Русинот Андреј Чесноков, кој освои седум титули во кариерата, ја критикуваше публиката во Мелбурн, која според многумина не беше на нивото на тенисот што го заслужуваат финалистите, Шпанецот Рафаел Надал и сонародникот на Андреј, Данил Медведев.

 Австралиската публика е целосно безобразна, не може да се споредува со европската. Има нормални навивачи, но повеќето се однесуваа како “сељаци” во финалето. Со тоа се соочив и кога играв на Австралија опен – изјави Чесноков.

Во 1995 година, Андреј беше награден со Орден за храброст на Руската Федерација од Борис Елцин за неговиот подвиг во Дејвис купот, кога ја одведе својата репрезентација до финалето со победата против Мајкл Штих во дуелот со Германија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!