Вие имате прво да ја знаете вистината

Магични сцени од Кападокија покриена со снег (фото)

Самовилските оџаци покриени со снег и магла ги воодушевуваат туристите во регионот на Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Регионот, кој се наоѓа во провинцијата Невшехир во централна Анадолија, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, е познат по возењето со балон.

Со снежна покривка и магла, овој регион потсетува на земја од бајките.

Кападокија е убава од сите аспекти. Различно е во зима, различно во другите годишни времиња и носи непроценлив поглед. Секој треба да го види ова место и во лето и во зима, изјави за АА турскиот турист Сати Озер.

Друг турист, Угур Тасан, им препорача на сите да ја посетат Кападокија и да уживаат.

Шармантна туристичка дестинација во централната провинција Невшехир, позната е по препознатливите „самовилски оџаци“, подземни градови, пештерски хотели и возење со балони.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!