Вие имате прво да ја знаете вистината

Пандемијата со Ковид-19 најверојатно влегува во завршна фаза, ова го кажува најновото соопштение на СЗО за Европа

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денес изјави дека континентот во моментов најверојатно влегува во крајот на пандемијата и дека кривата на смртни случаи од Ковид-19 ќе почне да стагнира.

Клуге посочи дека постои уникатна шанса земјите низ Европа да ја преземат контролата врз преносот на вирусот Ковид-19 поради три фактори: високо ниво на имунизација и минати инфекции, тенденција вирусот да се шири помалку кога температурите се зголемуваат и помала опасност од нови мутации на видот омикрон.

Бидејќи зимата полека опаѓа во поголемиот дел од Европа, Клуге изјави дека претстојното доаѓање на пролетта ја отвора можноста за траен помирен период, додавајќи дека луѓето ќе бидат поотпорни на потенцијалните зголемувања на преносот.

Доколку се појави нов вид, Клуге изјави дека здравствените власти во Европа треба подобро да се справат со тој бран односно со имунизација, како и продолжување на кампањата за вакцинација, заедно со другите интервенции на здравствените установи.

Ова, сепак, бара драстично и бескомпромисно зголемување на вакцинацијата и дистрибуција на вакцини низ Европа и пошироко, нагласи Клуге.

Тој процени дека минатата недела во европскиот регион се регистрирани 12 милиони нови случаи на Ковид-19, што е најголем пораст од почетокот на пандемијата, а тоа е предизвикано од видот омикрон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!