Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете ја грозоморната снимка од ударот на Лотус во бандера: Двајцата поминаа само со полесни повреди

Неверојатната снимка доаѓа од Хонг Конг и прикажува двајца мажи како се возат во спортски двосед Lotus Exige на отворено, кој во еден момент се занесува, веројатно поради влажниот коловоз и губењето контакт со земјата. Еден момент подоцна автомобилот завршува заглавен во столб за светло покрај автопатот и се распрснува на илјада парчиња, додека возачот и совозачот остануваат седнати во пилотската кабина во значителен шок.

TheSunDaily пренесува дека и 42-годишниот возач и неговиот 28-годишен совозач се пожалиле на болки во градите и вратот, но освен тоа поминале без сериозни последици.

Со оглед на тоа што кочењето од голема брзина до запирање траеше помалку од две секунди, би рекле дека поминаа добро.

Глетката како седат во руина додека еден од нив му го проверува телефонот додека чека помош изгледа надреално.

Во секој случај, иако ударот беше навистина силен, можеме слободно да кажеме дека сериозните последици за патниците се избегнати благодарение на одликната конструкцијата на спортскиот Lotus со цврст алуминиумски монокок бидејќи автомобилот во основа беше преполовен по ударот во светлосниот столб …

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!