Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради суперјахтата на Безос вредна 485 милиони ќе се демонтира најубавиот мост во Ротердам

Мостот Конингсхавен, кој се наоѓа во Ротердам во Холандија и има историска вредност, ќе биде демонтиран за да може да помине суперјахтата на сопственикот на Амазон, Џеф Безос.

Јахтата за милијардерот ја изградила холандската компанија Океанико, долга е 127 метри и висока 40 метри, поради што не може да помине под мостот.

Мостот Конингсхавен, локално познат како Де Хеф, ќе биде демонтиран во централниот дел, и тоа само привремено додека јахтата не ја помине оваа локација, пренесува Ројтерс.

Овој потег предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи мостот има долга историја и сега е национален споменик, а големо реновирање беше направено меѓу 2014 и 2017 година, кога официјалните лица изјавија дека тој повеќе нема да се демонтира.

Сепак, потегот го оправдуваат со тоа што се согласиле дека отворањето на нови работни места за изградба на јахтата ветувало нејзино поминување и дека мостот повторно ќе биде составен.

Друго решение нема, бидејќи мостот се наоѓа на единствениот излез кон морето. Исто така, не беше практично да се заврши работата за изградба на јахтата на друга локација.

За официјалните лица е важно Ротердам да ја задржи својата репутација како „поморски главен град на Европа“, бидејќи бродоградбата и активностите во овој сектор се важен столб на општеството. Процесот на демонтирање и монтажа на мостот најверојатно ќе се изврши во текот на летото.

Јахтата позната како Y721 ќе биде најголема од ваков тип во светот, ќе биде врв на луксузот, а ќе има и помошна јахта и хелиодром. Јахтата на Безос чини 485 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!