Вие имате прво да ја знаете вистината

РЕКОРДЕН ТРАНСФЕР НА ЦРВЕНА ЅВЕЗДА: Германците ОТКРИВААТ колку црвено-белите ќе платат за Мотика

Познатиот германски магазин Билд објави нова информација за трансферот на српскиот фудбалер Немања Мотика (18) од Баерн во Црвена Sвезда. Германците тврдат дека, Ѕвезда трансферот ќе ја чини 2,5 милиони евра. Така да младиот офанзивец би станал еден од најскапите играчи во историјата на клубот.

Ѕвезда му плати на Ричмонд Боачи 2,5 милиони кога се врати по заминувањето во Џиангсу, а исто толку платија и за Такајуки Сузуки.

Не ја наведуваат динамиката за исплата во рати, ниту дали во тоа се вклучени бонуси, но додаваат дека Баерн има право на првенство за купување кога Мотика ќе ја напушти Ѕвезда.

Тоа практично значи дека Баерн ќе има можност да одговори на секоја понуда што ќе ја добие Звезда за Мотика. Доколку Баварците ја изедначат понудата што ке ја добие ФК Црвена Ѕвезда за Мотика, во тој случај таа ќе мора да им го продадат фудбалерот на Баерн Минхен. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!