Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија ја забрани германската телевизија Deutsche Welle на нејзина територија, одземена акредитацијатана на сите новинари!

Русија во четвртокот соопшти дека ја затвора познатата германска телевизија Дојче веле (Deutsche Welle).

Ова е нивниот одговор на забраната од Берлин да не се емитува руската телевизија RT DE во Германија, пренесуваат руските медиуми.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го затвора руското биро на Дојче веле, ја одзема акредитацијата на нејзиниот персонал и го запира емитувањето на каналите на руска територија.

Германскиот медиумски супервизор МАББ и Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК) на медиумските институции оваа недела соопштија дека РТ DE не може да емитува програма во Германија користејќи српска лиценца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!