Вие имате прво да ја знаете вистината

ФБИ со сериозно предупредување со американските спортисти кои ќе учествуваат на ЗОИ: Не носете смарт телефони на Олимпијадата!

ФБИ ги советуваше американските олимписки спортисти да не ги носат своите мобилни телефони во Пекинг и наместо тоа да носат телефони со SIM-картички со ограничено времетраење, наведувајќи ја можноста за зголемени злонамерни сајбер активности.

Иако нема податоци за одредени сајбер закани на Олимпијадата, ФБИ додаде дека е важно спортистите да бидат будни и внимателни во онлајн и дигитални средини.

Предупредувањето доаѓа во услови на зголемена загриженост од претставниците на националната безбедност на САД за кинеската шпионажа и кражба на интелектуална сопственост.

Тие предупредија дека Кина создаде напредна техно-надзорна држава во нејзините граници, покриена со камери, препознавање лица и други технологии.

Контраразузнавачката служба долго време предупредува дека американските државни и локални функционери, како и членови на деловни и академски кругови, кои патуваат во Кина, се соочуваат со ризик од хакирање на нивните лични уреди. ФБИ рутински организира таканаречени одбранбени брифинзи за Американците кои веруваат дека се во опасност да станат жртви на обиди за кинеска шпионажа.

ФБИ во моментов има повеќе од 2.000 контраразузнавачки истраги за наводните напори на Пекинг да украде технолошки информации од САД, стои во соопштението на директорот на ФБИ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!