Вие имате прво да ја знаете вистината

Фејсбук за прв пат во својата 18-годишна историја бележи пат на дневните активни корисници

Една од најпопуларните социјални мрежи во светот, Фејсбук, забележа пад на дневни активни корисници за прв пат во својата 18-годишна историја.

Имено, како што објави матичната компанија на социјалната мрежа Фејсбук – „Meta Networks“, бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди корисници во трите месеци до крајот на декември наспроти 1,930 милијарди во претходните три квартали од минатата година.

Како што соопштуваат од компанијата растот на приходите забавува бидејќи се соочува со конкуренција од ривалите како што се социјалните мрежи TikTok и YouTube, а исто така забележан е пад и на корисниците кои што се рекламираат на социјалната мрежа Фејсбук.

Акциите на овој гигант паднаа за 20 отсто како резултат на загубата на пазарот од околу 200 милијарди долари. Исто така, има остар пад на вредноста на акциите и на другите платформи, вклучувајќи ги Twitter, Snapchat и Pinterest .

Директорот и основач на Фејсбук, Марк Закерберг, изјави дека падот се должи на фактот што публиката, особено помладите корисници, го напуштиле Фејсбук и застанале на страната на ривалите, односно помладата генерација не користи Фејсбук.

Фејсбук ја има втората најголема платформа за дигитално рекламирање по компанијата Google.

Компанијата Google исто така доби тежок удар со промената на политиката за приватност на оперативниот систем на Apple.

Ова е една од причините зошто на брендовите им стана потешко да таргетираат публика и рекламирање на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а овој проблем за компанијата може да изнесува околу 10 милијарди долари загуба оваа година.

Социјалните мрежи кои се под компанијата Meta инвестираа во видео содржини за да се натпреварува со социјалната мрежа TikTok која е под крилата на кинеската компанија ByteDance, но сепак Meta заработува помалку пари од тоа во споредба со нејзините традиционални доводи на Фејсбук и Инстаграм. 

Првиот човек на Фејсбук беше уверен  дека инвестирањето во видео и виртуелна реалност ќе се исплати, како и мобилното рекламирање и приказните на Инстаграм, но останува да видиме како оваа нова технологија ќе напредува во иднина.

 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!