Вие имате прво да ја знаете вистината

Чаша топла вода наутро може многу да ви помогне! Го забрзува метаболизмот, го стимулира варењето, и ја намалува хроничната болка

Сите знаеме дека поговорката „По утрото денот се познава“ е голема вистина, но исто така повеќето од нас стануваат наутро со неколку одложени аларми. Важен е начинот на кој го започнуваме денот, па затоа е важно да се усвојат некои ритуали кои ќе ја подобрат севкупната состојба на организмот. Конзумирањето чаша топла вода на празен стомак има бројни здравствени придобивки, па затоа нека биде првата работа што ќе ја направите откако ќе станете од кревет.

Помага при слабеење

Вистина е дека пиењето чаша млака вода наутро нема да го намали бројот што ќе го покаже вагата кога ќе ја згазите, но овој ритуал го забрзува метаболизмот.

Конзумирањето топла вода дополнително го чисти дигестивниот систем и ја спречува надуеноста, а помага и за излачување на вишокот течности во организмот, тврдат нутриционистите.

Решава респираторни инфекции

Ако имате инфекција на грлото и синусите, практикувајте да пиете чаша млака вода наутро.

Доколку имате затнат нос, тоа помага да се исчистат и отворат дишните патишта, бидејќи топлината побрзо ќе ја исчисти слузта. Температурата на течноста што ја пиеме може да влијае и на симптомите на настинка, вели др. Несочи Океке-Игбокве.

Влијае на здравјето на забите

Малку е познато дека една чаша млака вода на празен стомак влијае и на здравјето на забите, и експертите истакнуваат дека тоа е одличен ритуал.

Некои бели пломби може да се компресираат поради студената вода и на тој начин да се одвојат од забите, вели таа и предупредува дека треба да внимавате водата да не е премногу топла. Се препорачува да биде собна температура.

Го стимулира варењето

Топлата вода го стимулира протокот на крв во цревата и го подобрува варењето.

Таа додава дека за разлика од ладната, топлата вода побрзо хидрира. Во комбинација со храната побрзо ги раствора мастите што го олеснува варењето.

Ја намалува болката

Топлата вода го постигнува протокот на крв во ткивата и им овозможува на мускулите да се релаксираат, што ја намалува болката.

Помага при секакви болки, од менструални грчеви до болки во зглобовите. Освен тоа, ако пиете топла вода пред спиење, ќе заспиете побрзо и ќе бидете подолго сити, па нема да се будите навечер поради храна. И кога ќе се разбудите, ќе бидете свежи, вели др. Петре.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!