Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија воведува задолжителна вакцинација за возрасните граѓани, казна од 600 евра за оние кој нема да поседуваат Ковид сертификат!

Австрија е првата земја во Европа што воведе задолжителна вакцинација против вирусот Ковид-19 за возрасните граѓани на државата. 

Законот денес официјално го потпиша претседателот Александар Фан дер Белен.

Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите граѓани кои се регистрирани во земјава, без разлика на државјанството, но не се однесува на странските дипломати или оние кои од здравствени причини не можат да ја примат вакцината. Сите останати без Ковид сертификат за потврда на вакцинацијата во иднина ќе плаќаат казна од 600 евра.

Контролата интезивно на терен ќе започне на 15 март годинава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!