Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија: Задолжителна вакцинација за полнолетните и тоа од утре

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен денеска потпиша закон со кој се воведува општа задолжителна вакцинација за сите полнолетни граѓани.

Законот стапува на сила од утре.

Синоќа покраинскиот дом на австрискиот парламент го донесе законот, откако кон крајот на минатиот месец и Парламентот го направи истото, претседателот со свој потпис ја потврди задолжителната вакцинација, која сега може да стапи на сила.

Кабинетот на Ван дер Белен соопшти дека претседателот со својот потпис потврдил дека законот е донесен во согласност со Уставот.

Со стапувањето во сила на овој закон, сите полнолетни граѓани со дозвола за престој во Австрија ќе мора да се вакцинираат против коронавирус.

Од задолжителната вакцинација се ослободени само бремените жени и лицата кои не можат да се вакцинираат поради медицински причини, како и лицата кои биле заразени од 19 до 180 дена.

Во првата фаза, која трае до средината на март, нема да има казни, туку граѓаните ќе бидат само информирани за обврската да се вакцинираат.

Австриската полиција од 16 март при вообичаените контроли ќе го проверува вакциналниот статус на граѓаните, а за непочитување на законот предвидена е и глоба од 600 до 3.600 евра.

Имено, кој ќе биде фатен, а не се вакцинирал, ако веднаш ја прифати казната ќе биде казнет до 600 евра, а доколку поднесе жалба ќе треба да смета на казна до 3.600 евра.

Пред да стапи во сила законот, Министерството мора да донесе соодветна регулатива, во која ќе се наведе кои вакцини се прифаќаат, како и кои се сите исклучоци.

Се предвидува дека покрај вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), ќе бидат прифатени и кинески вакцини, а медиумите јавуваат дека нема да биде прифатен рускиот Спутник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!