Вие имате прво да ја знаете вистината

Вознемирувачки фотографии од Парагвај: Познатиот фудбалер ја носи својата сопруга во раце неколку моменти откако била застрелана во глава за време на концерт (фото)

Голема трагедија го погоди Парагвај.

Имено, сопругата на познатиот тамошен фудбалер Иван Торес е убиена на фестивал за време на концерт во неделата вечерта.

Во прашање е Кристина Вита Аранда (29 г.) која има три деца со играчот на Олимпија од Асунсион, која очигледно случајно била застрелана во главата и починала на пат кон болница.

Вооружени напаѓачи отвориле оган, при што убиле двајца, а раниле петмина. Се појавија и првите фотографии од местото на злосторството, а на една од нив се гледа како Иван Торес ја носи сопругата во раце. Според очевидци, напаѓачот и пришол на Кристина и и пукал во глава, па немало спас за девојката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!