Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ од Пекинг зборуваше за смртта на Ксенија и како неговите деца ја издржаа трагедијата: Ќе морам да бидам подобар татко

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Пекинг зборуваше за неговите деца Данило и Милица и за тоа како ја издржале смртта на нивната мајка Ксенија.

„Трагедија е првенствено за децата кои ја губат својата мајка. И за мене, секако. И за мајката на Ксенија, бидејќи нема ништо полошо од губење на детето. Таа имаше само 55 години. Данило беше особено приврзан за неа, живееше со неа, и очекував таква реакција“, рече претседателот Вучиќ и додаде:

„Милица го поднесе тоа потешко отколку што очекував, бидејќи таа е супермен на семејството и е посилна од сите нас. Бев изненаден колку емоции има под нејзината школка, ја погоди силно, но таа се држи. И јас ќе морам да бидам подобар татко отколку што бев, и барем делумно да ја заменам нивната мајка. Ќе го пребродат тоа и ќе бидат добри, чесни и пристојни луѓе“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!