Вие имате прво да ја знаете вистината

Грција од понеделник со нови правила за влез: Укинување на задолжителниот Ковид тест за влез во државата на вакцинираните патници

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на нашата држава.

Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис претпладнево изјави дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис.

Како што е пракса во Грција, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!