Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган: Подготвен сум да бидам посредник! Западот не нуди решение за крај на тензиите околу Украина, Европа без Меркел нема лидер со капацитет за решавање на ова прашање!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека за време на неговата вчерашна посета на Киев, му посочил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Турција е подготвена да биде домаќин на самит на лидерско ниво или технички разговори за решавање на кризата помеѓу Русија и Украина.

Сакаме да ја оствариме оваа средба за да ги видиме рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски на едно место обезбедувано на високо ниво. За тоа се договоривме со господинот Зеленски, изјави Ердоган по враќањето од посетата на Украина.

Тој изјави дека е подготвен да биде посредник за решавање на кризата помеѓу Русија и Украина.

Му посочив на Зеленски дека сме подготвени да придонесеме за намалување на тензиите. Тој ми одговори дека ќе дојде веднаш штом го поканиме на состанокот. Ако ја имаме улогата на посредници по средбата со Путин, ќе ја прифатиме одговорноста и ќе направиме се за да ја исполниме нашата должност, изјави Ердоган.

Тој посочи дека западните земји досега не дале значаен придонес за отстранување на тензиите помеѓу Русија и Украина.

За жал, Западот досега не понуди нешто што се нарекува придонес во изнаоѓање решение за ова прашање. Можам да кажам дека го прават токму спротивното, истакна турскиот претседател.

Тој изјави дека ниту Европа не нуди решение за тензиите.

Во овој момент во Европа има сериозен проблем во однос на решавање на тој проблем. Пред тоа тоа беше Ангела Меркел и таа навистина можеше да го има клучот за решавање на проблемот. По неа во моментов нема таков лидер, истакна Ердоган.

Тој истакна дека најважно е да се зачува мирот.

Светот ги следи настаните во Донбас и пограничниот регион на Русија и Украина. Се надевам дека регионот нема да биде лишен од мирот, изјави Ердоган.

Тој се осврна и на економските односи со Украина, истакнувајќи дека трговската размена помеѓу Турција и Украина достигнала 7,5 милијарди долари во 2021 година.

Сега целта е 10 милијарди долари. Се надевам дека ќе го достигнеме. Потпишавме и осум договори за соработка со Украина, додаде Ердоган.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!