Вие имате прво да ја знаете вистината

Населението во Турција бележи зголемување: Оваа година се очекува да ја надминат бројката од 85 милиони жители

Населението на Турција во 2021 година се зголеми за повеќе од милион луѓе во однос на претходната година и надмина 84,6 милиони, пренесуваат турските медиуми. 

Институтот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави Резултатите од системот за регистрација на населението за 2021 година врз основа на местото на живеење. Според овие податоци, населението во земјата, кое во 2020 година изнесувало 83.614.362 лица, минатата година се зголемило за 1.065.911 луѓе и сега изнесува 84.680.273.

Процентот на машката популација е 50,1 отсто (42.428.101 лице), а процентот на женската популација е 49,9 отсто (42.252.172 лица). Годишната стапка на раст на населението во 2020 година изнесувала 5,5 отсто на 1.000 жители, а во 2021 година се зголеми на 12,7 отсто на 1.000 жители.

Стапката на урбано население била 93 отсто во 2020 година, а во 2021 година се искачила на 93,2 отсто.

Стапката на луѓе кои живеат во руралните средини е намалена од седум отсто на 6,8 отсто.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!